logo
logo
logo

ФОТО И ВИДЕО

СТРАВИЧНИ СЛИКИ од пожарот во Кочанско

Vecer | 03.08.2021

СТРАВИЧНИ СЛИКИ од пожарот во Кочанско

Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.

– Цело утро, двата хеликоптери гаснеа, се уште еден крак е активен и тоа до вечер може повторно да стане катастрофа, да отиде во сите можни насоки, бидејќи ако во Скопје дува ветер, во Источна Македонија дува малку повеќе, рече Ангелов и додаде дека доколку забележат дека огнот оди во насока на населено место веднаш пристапуваат кон евакуација на луѓето.

[embed]https://youtu.be/mSFWToXSxT0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk