logo
logo
logo

Страотна сообраќајка на „Водњанска“: ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ МАЛОЛЕТНИЦИ - Шоферот ИМАЛ 15 ГОДИНИ

Vecer | 19.08.2022

Страотна сообраќајка  на „Водњанска“: ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ МАЛОЛЕТНИЦИ - Шоферот ИМАЛ 15 ГОДИНИ

Четворица малолетници се тешко повредени откако со форд мондео во раните утрински часови се забиле во метална канделабра и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, порано познат акко „Водњанска“ во Скопје.

- На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул."Мајка Тереза", со ул."Тодор Александров" и ул."Белградска" патничко моторно возило "форд мондео" со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, информираат од полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, а двајца од Скопје). Примени се во Градската општа болница "8-ми Септември" и Комплексот клиники "Мајка Тереза".

Според очевидци, телата на повредените биле извадени од возилото од страна на протижпожарната служба, а неофицијално медиуми известуваат дека возачот имал само 15 години.

Фото: МКД

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk