logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Странски извршители да гонат криминал, а не домашни, е јавен пораз и доказ дека МВР на Спасовски продуцира криминал“

Vecer | 07.12.2022

„Странски извршители да гонат криминал, а не домашни, е јавен пораз и доказ дека МВР на Спасовски продуцира криминал“

Проблемот е МВР, денес да имаше грам морал по поразот странски извршители да гонат криминал, а не домашни, министерот за МВР ќе си дадеше оставка. Тоа е јавен пораз дека МВР не гони криминал, туку дека продуцира криминал, vвелат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека странски извршители доаѓаат да гонат криминал затоа МВР на Спасовски издаде над 215 пасоши на светски нарко дилери, а АНБ дава дозволи за државјанство на контроверзни светски политичари кои се на црна листа на САД и не се способни да отворат на интернет да ги проверат на јавно достапни информации.

- На МВР на Спасовски му избегаа главните нарко дилери од Грчец, а дрогата не ја ни најдоа, додека пак началник на МВР дилаше дрога, а ДЕА мораше да интервенира. Полицајци ги бркаат вооружени групи од Арачиново, а Спасовски наместо да расчисти со криминалците, ги санкционира полицајците.  Спасовски дотолку не може да гарантира безбедност што и оружје од магацин на МВР им украдоа.  Воедно Македонија со СДСМ и вакво МВР е на врвот по корупција во регионот и Европа. Затоа доаѓаат странци да се борат против криминалот, истакнаа тие.

Министерот Спасовски денеска коментирајќи го доаѓањето на американскиот тим за истражување на корупцијата кај поранешни, но и актуелни функционери во земјава, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека МВР апсолутно стои на располагање во секој поглед за да ги поддржи сите овие активности.

Спасовски по денешната посета на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица изјави дека го поддржува сето она што беше изнесено од страна на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер и кажа дека сите мора да дејствуваат што поскоро за да се стави крај на корупцијата и криминалот во земјава.

„Секој од нас треба да има загриженост за тоа што практично ни се случува во државата. Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со своето дејствување да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект. Да се створи систем што ефикасно и брзо ќе одговори“, изјави министерот за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk