logo
logo
logo

СТОПИРАНА ИЗГРАДБАТА НА ТРИ МОДУЛАРНИ АМБУЛАНТИ ВО СКОПЈЕ

Vecer | 15.09.2021

СТОПИРАНА ИЗГРАДБАТА НА ТРИ МОДУЛАРНИ АМБУЛАНТИ ВО СКОПЈЕ

за Фактор извори од здравствениот сектор потврдуваат дека од неделата се запрени сите градежни активности на три модуларни амбуланти во Скопје . Велат дека на местото на старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче овие неколку дена има само лица кои ги обезбедуваат објектите, но не и работници.

-Градежните активности за трите модуларни амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Ново Лисиче кои треба да ги заменат руинираните бараки од старите амбуланти траат веќе цел месец. До крајот на септември требаше да бидат готови, но нивната изградба е запрена. Според зацртаната динамика, по нивното целосно пуштење во употреба кон крајот на месецов, веднаш од почетокот на октомври требаше да се почне со изградба на уште две модуларни амбуланти и тоа во тафталиџе и во Автокоманда. Официјалне допис дека е запрена и зошто е прекината изградбата на овие објекти од Министерството за здравство нема, велат изворите на Фактор.

Оттаму, како што истакнуваат, претпоставките за прекин на градежните работи околу изградбата на модуларните објекти се поради актуелностите поврзани со нивната безбедност безбедност по трагедијата во тетово, кога само за неколку минути изгоре модуларната ковид болница во која животите ги загубија 14 луѓе.

Сепак, како што потенцира изворот на Фактор, има огромна разлика меѓу таа модуларна ковид-болница и модуларните амбуланти, зошто во нив нема довод на кислород, кој се смета за високо-ризичен фактор во случај на пожар.

Инаку, истрагата во опожарената модуларна болница е во тек, а во неа ќе се вклучат и четворица германски форензичари кои најверојатно треба во земјава да пристигнат денеска. Според најавите, двајца од четворочлениот тим се кримтехничари форензичари за истражување на пожари, а другите двајца се кримтехничари форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Уште кон крајот на минатата недела, Министерството за здравство соопшти дека документацијата за модуларните болници е спремна за увид и институцијата ќе ја достави до надлежните органи.

-Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид, соопштија од МЗ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk