logo
logo
logo

Стоп полиција: Казни за 193 возачи во Скопје

Vecer | 25.02.2021

Стоп полиција: Казни за 193 возачи во Скопје

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 193 сообраќајни мерки, меѓу кои 29 за возење без возачка дозвола, 24 за непочитување на брзина на движење, како и осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР денеска информираа дека се изречени и 10 санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, пет за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за прекршоци што ги чинат пешаците, четири санкционирани мотоциклисти и 44 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР и апелираат да се  почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk