Столтенберг: Македонија ќе добие покана ако има успешен референдум

Македонија ќе добие официјална покана за НАТО дури по целосна ратификација на договорот за спорот за името со Грција, што значи и успешен референдум, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој истакна дека ако договорот не добие потврда на референдумот, не гледа како ќе биде можно Македонија да добие покана.

Тој рече дека очекува следниот месец НАТО да одлучи за официјален почеток на преговорите за членство на Македонија. Столтенберг очекува лидерите на членките на Алијансата да одлучат позитивно.

Според Столтенберг, договорот меѓу Скопје и Атина е историски договор, кој му пружа историска можност на Скопје да ѝ се приклучи на Алијансата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари