ГОЛЕМИ АПЕТИТИ НА МАЛИТЕ ПАРТИИ

Стојменов си замислува дека е Пенов!

ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ БОРИС СТОЈМЕНОВ БАРА ЕДНАКОВ СТАТУС КАКО СО ЛДП

Претседателот на СДСМ Владо Бучковски и Борис Стојменов, претседателот на ВМРО-Вистинска, во саботата, во скопското кафуле "Интермецо" имаа кафе-средба, на која беа разгледувани деталите за коалицирање на наредните парламентарни избори. Борис Стојменов изразил подготвеност за пристапување во коалицијата "За Македонија заедно", но тоа го "условил" со добивање на ист третман како и партијата на Ристо Пенов. Тоа би значело дека ВМРО-Вистинска би требало да добие една третина од пратеничките места на заедничките листи. Договорот за коалицирање не бил постигнат, но од лидерот на СДСМ добил ветување дека ќе биде разгледан неговиот предлог, дознаваме од партиски извори. ВМРО-Вистинска и СДСМ имаа договор за заеднички настап на локалните избори и најверојатно тој ќе биде продолжен и за изборите за нов состав на парламентот во 2006 година.
Интерсено е тоа што по завршувањето на разговорот со Владо Бучковски, Стојменов се префлил на другата маса на која седеле Марјан Ѓорчев, претседателот на Земјоделско народна партија на Македонија, неговиот блисок соработник Александар Пандов и актерот Тони Михајловски. (М.Р.Ј.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари