logo
logo
logo

Стојкова Серафимовска: Се менуваат 5 министри во културата за 5 години, стратегијата на власта е културоцид во 21 век

Vecer | 16.01.2022

Стојкова Серафимовска: Се менуваат 5 министри во културата за 5 години, стратегијата на власта е културоцид во 21 век

Стратегијата на власта во културата е културоцид во 21 век, и културата е најголема жртва на поигрувањето на коалицијата СДСМ и ДУИ, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната собраниска седница за избор на нова влада, потенцирајќи дека гледаме старо-нова влада, а колку културата е маргинализирана од страна на СДСМ и ДУИ говори и фактот што имаме за 5 години менуваат 5 министри. – Имаме девастирана, хаотична, партизирана култура. Институции со нарушени меѓучовечки односи, партизиран кадар, наследени проблеми, започнати и заостанати мегаломански проекти кои чинат многу, институции со распаднати кровови како НУБ. Понудената програма во однос на културата како важен сектор во општеството е крајно занемарен и маргинализиран. Во културата за овие 5 години имаме 5 министри, тоа се Роберт Алаѓозовски есеист, Асаф Адеми градежен инженер, Хусни Исмаили доктор по медицина, Ирена Стефоска историчар и сега предложената Бисера Костадиновска Стојчевска професор по англиски јазик. Овие промени значат и промени на кабинет, нови директори, нови методологии на работа на секој министер, различни програми, да не зборуваме за партиски вработувања и политички реваншизам што се резултираше со нарушен континуитет на работа во културата, рече Стојкова Серафимовска. Таа посочи дека во секторот творештво, творците и уметниците се демотивирани, се прекина секаква стимулација на домашната, популарната и класичната и современата сцена, нема откуп на никакви дела, а во театрите се помалку има дела од македонски автори. – Има наследени проблеми во филмската дејност каде проблемите се на меѓународно ниво, се уште е актуелна тужбата на Јадран филм кон Агенцијата за филм, а таму е замешан и сега поранешниот премиер Зоран Заев. Поради лошо работење опадна нивото на светските реномирани фестивали како што е Охридско лето, но затоа се даваат огромни средства за проекти со сомнителна содржина, рече таа. Стојкова Серафимовска истакна дека новата влада во програмата ја споменува грижата за македонскиот јазик, но в видовме како кога македонскиот јазик беше најмногу напаѓан од нашиот источен сосед, Советот за македонски јазик, тело при владата остана нем и нефункционален. – Што да зборуваме за културното наследство, состојбата може да се види од запуштените археолошки локалитети и бројните и изгубени ранохристијански базилики и манастирот Света Богородица во Матејче кој е ставен на листа на културно наследство во опасност и кој повторно беше оштетен. На меѓународен план не доведоа во срамна состојба статусот на културното и природното наследство на Охрид и охридскиот регион се доведе до алармантно ниво, нагласи Стојкова Серафимовска. https://youtu.be/3CgXGRh66lM

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk