logo
logo
logo

Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени, на јавноста и е преку глава од замајувањето и тезите на ДУИ кои се потпросечни и со дупки, нека стават на гласање уставни измени и во еден ден ќе се види се

Vecer | 26.03.2023

Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени, на јавноста и е преку глава од замајувањето и тезите на ДУИ кои се потпросечни и со дупки, нека стават на гласање уставни измени и во еден ден ќе се види се

„Досадни се и неинвентивни одамна. Тезите им се како владеењето, слаби, потпросечни, со дупки. Но затоа пак истовремено се и арогантни исто како и лоповлукот што го демонстрираат“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Доста јавноста ја замајуваат со истите финти од типот дали Алијанса влегува во владата и сега кој има пратеници за уставни измени. Во меѓувреме умира 6 годишно девојче а тие заташкуваат истрага кој е виновен, Стејт Департмент ги прогласи за корумпирани, крах се случува во секоја сфера. Мафијашки пресметки како див запад станавме, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека нема 1 задоволен во земјава од власта, како и дека има невидена скапотија, инфлација, а дека власта мисли дека ќе дефокусира од реалните проблеми на граѓаните и дека ќе замајува со тоа дали пратеници од овде или онде ќе гласале за промена на Уставот.

– Еве да ја затвориме темата нека стават на гласање и во еден ден ќе се види се, кој има пратеници и колку пратеници поддржуваат одредена идеја. На народот му е преку глава од вакви нивни превирања и надмудрувања и затоа сметам дека е потребна работа и решавање на проблеми а не измислување и замајување јавност, изјави Стојаноски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk