logo
logo
logo

Стојаноска: Заев повторно смени став, се плашеше од многу вакцини, а потоа дал налог за набавка на истите

Vecer | 22.02.2021

Стојаноска: Заев повторно смени став, се плашеше од многу вакцини, а потоа дал налог за набавка на истите

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека на лагите на Заев им нема крај, потенцирајќи дека токму тие лаги и таа неспособност и незаинтересираност на Заев и Филипче чинат животи.

„Заев е единствен политичар кој кажал толку лаги во врска со набавка на вакцини. Заев е единствен политичар кој не направил ништо за да набави вакцини против корона, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната прес конференција.

„Единствено е шоуто при преземање на нешто повеќе од четири илјади дози на вакцини од Србија. И продолжува играта со лаги, единствен терен на Заев и Филипче. Прво вели не ни требаат уште вакцини ќе се доведеме во ситуација да има премногу вакцини, да има неколку милиони?! Второ, за 24 часа истиот тој Заев вели дадов налог за набавка на руски вакцини.

Дополнително на сето ова, Заев и Филипче во декември минатата година одбиле руски вакцини?! Одбиле вакцини, а немале договорено тајминг за никакви вакцини, вели таа.

Стојаноска посочи дека ова не е прашање на погрешни проценки, ова е веќе прашање на немање проценки и дека ова кажува дека во главите на Филипче и Заев се само провизиите.

„И во сите земји вакцинацијата против корона стартуваше крајот на декември, во Македонија крајот на февруари. И бројката на заболени повторно почна да се зголемува. Бројка на починати надмина три илјади. За ова виновни се Заев и Филипче! За ова Заев и Филипче треба и мора да одговараат, додаде таа.

https://www.youtube.com/watch?v=DS3ig-TB9ok&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk