logo
logo
logo

Стојаноска: Толку се неспособни што недостасува кислород во болниците и не можат да набават вакцини

Vecer | 03.04.2021

Стојаноска: Толку се неспособни што недостасува кислород во болниците и не можат да набават вакцини

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  денешниот протест пред Министерството за здравство го започна со едноминутно молчење во знак на 3.860 починати од кои само 50 се  во последното деноноќие.

-Собрани сме денес овде по трет пат пред оваа зграда позади мене која има назив Министертво за здравство и за жал неа ја раководи министер за мото трки. Знам дека тој нема душа и срце да го разбере нашиот револт   и нашиот ризик да протестираме во ек на најголема пандемија. Знам дека тој има срце и душа само за пусти пари, знам дека нема ни срам, нема ни жал, ни доблест да се извини или не дај боже да се повлече. Напротив тој дури проба да ја префрли или сподели одговорноста. Напротив тој си се вози со мотори низ Македонија, а Македонија мака мачи и плаче што е најстрашно и најпонижувачки друштво му прави и Зоран Заев, рече таа.

Стојаноска во своето обраќање се осврна и на вчерашното возење со хелохоптер на Заев и Филипче и потенцираше дека Филипче наместо да е деноноќно во кругот на зградата на министерството за здравство тој си се вози со мотор низ Македонија.

-Двоецот Заев Филипче вчера се надминаа себе си во својата неиживеаност и негрижа за своите граѓани, па со хелихоптер слетаа во Прилеп. Оваа нивна авантура чини околу 4.000 евра, а сета нивна негрижа и неработа не чини сите преку 132.000 заразени и близу 4.000 починати, само вчера 50 семејства имаа погреби на своите најблиски. И зарем скоро овие 4.000 евра  што ги потрошија за своето возење треба да се симболика на овие скоро 4.000 починати. Какво потценување на човечки трагедии. Има ли крај на македонскава агорнија? Има ли по беден премиер од нашиот кој аздисува додека луѓе ни умираат ?Има ли понеспособен од Филипче кој наместо да е во кругот на оваа зграда деноноќно тој се вози со моторот низ Македонија ? Наместо да работи како министер за здравство, Филипче стана министер за мото трки, кажа Стојаноска.

Таа потсети и дека во ек на најголема криза луѓе од власта заминуваат на одмори.

На друга страна луѓето на Заев на сред најголемата македонска криза заминуваат на одмори на егзотични дестинации и велат дека било ефтино, дека заслужиле луѓето одмор. Ова ли е изговор за нивната ароганција. Нека појдат кај семејствата на починатите и ова нив нека им го соопштат, истакна Стојаноска.

Стојаноска во своето обраќање укажа и на недостигот од кислород кој го имаат пациентите болни на корона како и на неспобноста на Филипче да набави вакцини.

Во вторникот имав обраќање од гостиварската болница и побарав одговор дали е вистина дека нема кислород во гостиварската модуларна болница. Знаете што се случувало после тоа, сите критични пациенти  од модуларната болница во 23 часот навечер ги префрлале на нервното одделение каде има кислород и кое функциониера како ковид одделение. Утредента веднаш го барале виновикот кој мене ми се пожалил. Зарем не гледа и не слуша Филипче дека сите се жалат и дека сите се во паника. И наместо да бара виновник на оние кои се жалат на кататрофалните услови за работа и за пациентите нека си се погледне нарцисот во првото огледало, таму ќе го пронајде најголемиот виновник за оваа состојба.Сега ќе му пренесам на Филипче друга молба од здравствен работник чијшто брачен партнер е опериран и заздравува од канцер. Ме моли и ме прашува  што да направам кај да се потпишам ако не јас, барем болниот партнер да го вакцинирам. Можеби и овој јавен апел до Филипче  ќе му помогне на овој здравтсвен работник, а како него има уште илјадници на кои вакцинирањето им е одложено за недоглед, додаде Стојаноска.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=SSB-GaRcO5E&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk