logo
logo
logo

Стоилковски: ЗАЕВ ГИ ПРИФАЌА УСЛОВИТЕ НА БУГАРИЈА, тоа се гледа по тоа што продолжува да преговара

Vecer | 11.06.2021

Стоилковски: ЗАЕВ ГИ ПРИФАЌА УСЛОВИТЕ НА БУГАРИЈА, тоа се гледа по тоа што продолжува да преговара

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вели дека партијата продолжува со организирање на предупредувачки протести во насока на фактите, а тоа е дека режимот на власт продолжува со практиките тајно зад очите на сета јавност да преговара за прашања кои што се далеку над тесно партиските интереси на Зоран Заев и на мафијата која што тој ја предводи.

- Зошто велам мафијата, режимот и далеку над партиските интереси, бидејќи овие зафати кои што сега ги прави Зоран Заев фактички се во негова лична, лукративна размисла, дека доколку го затвори ова т.н. наметнато прашање од Софија, дека со тоа ќе успее да ја покачи својата вредност пред локалните избори во Македонија. Со самото тоа што се гледа дека она што владее во Македонија е режим, корупција и криминал препознаена од широки меѓународни фактори, истакна Стоилковски за Алфа.

Стоилковски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ досега имаше практика на предупредувачки протести, и пред неколку месеци исто се организираа неколку предупредувачки протести околу слична тема кога повторно идентитетот беше доведен во прашање.

– Не смее да се заборави дека институционалниот идентитет е далеку во канџите на режимот на мафијата. Но, тоа што сега се прави од страна на власта е преговори кои што фактички ќе ја бетонираат состојбата, македонското прашање на светско ниво, појасни Стоилковски.

Стоилковски посочи дека тоа што Зоран Заев го порачува дека не преговара со Софија, туку преговара со Брисел, всушност значи дека Зоран Заев прифаќа оние барања, оние теми која што Софија ги наметнува да бидат дел од преговарачките рамки на ЕУ. А, со тоа Македонија нема да има никаков реален исчекор кон европеизација, односно станување членка на ЕУ додека на Софија барањата не бидат исполнети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk