logo
logo
logo

Стоилковски: Стојанче, не се гаси пожар од канцеларија и мобилни туку со канадери

Vecer | 04.08.2021

Стоилковски: Стојанче, не се гаси пожар од канцеларија и мобилни туку со канадери

Се уште беснеат пожари, она онде зад мене каде што светат светлата е селото Умлена, од каде што цел ден повикуваат на помош. Зад Умлена се гледаат поажрите, се гледа и огромен чад зад целата планина, таму веднаш од другата страна се наоѓа Пехчево, а од овдека се наоѓа Берово, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски вели дека и по неколку дена беснеење на пожари, и по неколку дена предупредувања од сета јавност за неспособноста и за негрижата од јавноста, од владата, од незадоволството за реакциите за шумските пожари, и по цел ден повици од Умлена дека може да изгори селото никој досега не дошол на помош и никој досега не почнал да гаси

Овдека зад мене гори цела планина. Апелите од Умлена ме донесоа мене како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, тука кај Умлена да повикам на совест кај дел од Владата, да го повикам на совест Стојанче Ангелов наместо цел ден да трча по телевизии за да се правда себе и Зоран Заев затоа што не делуваше кај Кочани да го види ова зад мене и веднаш да упати помош при гаснењето и справувањето со оваа огнена стихија, рече Стоилковски.

Тој посочи дека  ова што се случува е срамно, е покажување на целосна неподготвеност на државата да одговори соодветно пред она што се вели елементарна непогода.

- Стојанче Ангелов треба добро да знае дека канцелариски мебел и мобилни телефони не е тоа што го гане пожарот, туку канадерите кои две години не се сервисирани, а Владата купувала и плаќала гориво за нив, пожари не гаснат мобилни течефони, не гасне канцелариски мебел ниту пожари се гаснат од владина седница. Пожари се гаснат тука на терен. Ова што го гледам зад мене, а е километри подалеку е срамно и е срам за оваа држава“, рече Стпилковски

https://youtu.be/89y2FO2oRlM

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk