logo
logo
logo

Стоилковски: Скандалозно - Дрисла под Шилегов е еколошка бомба, незаконски се третира медицински отпад, граѓаните се трујат во сред пандемија

Vecer | 25.10.2021

Стоилковски: Скандалозно - Дрисла под Шилегов е еколошка бомба, незаконски се третира медицински отпад, граѓаните се трујат во сред пандемија

Додека Шилегов се обидува да се спаси од потоп со употреба на зборот - придавката еко(лошки), Дрисла која што е ЈП под Град Скопје со Шилегов, прераснува во БОМБА за ширење на зараза, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

- Ова се фотографии од Дрисла за тоа како во „борбата со епидемијата“ се постапува со медицинскиот отпад. Притоа, не станува збор за отпад само од скопскиот регион, туку според информациите се носи медицински отпад од цела држава. Според правилникот, тој отпад е спакуван прописно од страна на институциите, но незаконски се третира во Дрисла под Шилегов. Според законот: „Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции“. „Медицинскиот отпад се пакува во пакувања кои се со жолта боја и треба да бидат соодветно и безбедно означени со знакот за опасен медицински отпад во црна боја“, истакна тој.

Стоилковски понатаму посочува:

- Означените и затворени пакувања се пренесуваат прво во локално собирно место, а потоа се транспортираат по најбрза можна патека на движење до централното собирно место. Централното собирно место за медицински отпад ТРЕБА ДА БИДЕ ОДВОЕН, ОЗНАЧЕН, ОГРАДЕН, ПОКРИЕН И ЗАКЛУЧЕН ПРОСТОР ПРЕДВИДЕН САМО ЗА ТАА НАМЕНА. ЗАДОЛЖЕНИТЕ ЛИЦА КОИ ПОСТАПУВААТ СО ОТПАДОТ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБУЧЕНИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИ ОТПАД И ДА БИДАТ ОПРЕМЕНИ СО РАБОТНА ОБЛЕКА И ЗАШТИТНИ РАКАВИЦИ СОГЛАСНО ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА“.

-„Медицинскиот отпад СЕ ОТСТРАНУВА ВО ИНСТАЛАЦИИ ЗА ГОРЕЊЕ НА ОТПАД, ИЛИ СО ПОСТАПКИ ЗА ТРЕТМАН (дробење, мелење, дезинфекција, стерилизација) ЗА ДА СЕ ДОВЕДАТ ВО СОСТОЈБА КОЈАШТО НЕ Е ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, после што може да се рециклира или отстранува како комунален отпад“.

Ништо од ова не се почитува, а се работи за време на епидемија, кога Македонија има најголема смртност од корона во светот.

Ова што се случува е ЕКОЛОШКА БОМБА!

За ова Шилегов нема да го слушнете!, завршува Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk