logo
logo
logo

Стоилковски: Скандалот со Црвенковска само ја надополни сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот на власта

Vecer | 01.05.2021

Стоилковски: Скандалот со Црвенковска само ја надополни сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот на власта

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција на прашање од новинар околу скандалот со новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска посочи дека тој случај само ја надополнил сликата за состојбите во правосудниот систем. Тој рече дека Судскиот совет мора да го преиспита својот едногласен избор, а Црвенковска да покаже доблест и да се повлече од функцијата.

-Овој скандал отвора и два многу сериозни аспекти, прво за вмешаноста на режимот во Еуростандард банка, но и како показател за какви судски реформи се залага режимот на мафијата при оние закани за смена на судии и ламентирањата за испитување на нивниот имот, истакна Стоилковски.

Според него, случајот со Павлина Црвенковска само ја надополнува сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот. Изборот и однесувањето на Црвенковска само ќе ја зајакне недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, вели Стоилковски.

-По скандал во кој што сопругот- бизнисмен не враќал пари за кредитот, од банка во чијшто кредитен одбор работела ќерката, а банката пропаѓа со заштедите на граѓаните, Црвенковска застанува на чело на судскиот совет, откако скандалот одекна во јавноста, изјави Стоилковски.

Црвенковска доколку сама не покаже трошка доблест и не се повлече од функцијата, рече тој судскиот совет мора да си го преиспита својот едногласен избор, затоа што се друго понатаму во себе ќе содржи политичка мотивирана пристрасност и од советот и од Црвенковска, дециден е Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk