logo
logo
logo

Стоилковски: По која методологија на списокот од "Безбеден град" има лица од една, а нема од друга криминална група?

Vecer | 20.03.2023

Стоилковски: По која методологија на списокот од "Безбеден град" има лица од една, а нема од друга криминална група?

Продолжуваме со прашања коишто даваат одговор зошто Македонија се дави во криминал. Оливер Спасовски има многу за објаснување за список за како што се нарекува стручно „редовна контрола и претрес на безбедносно интересни лица", рече во денешното обраќање до јавноста Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

- Цела недела Спасовски молчи и по прозивка од неделникот Фокус, дека цитирам „На списокот од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес".

Се работи за листата од планот Безбеден град, и оттука, легитимни се прашањата:

-Зошто на списокот нема членови на определени криминални групи како Беланоца, Кондово или Барон?

-Зошто на списокот за претрес и проверки нема ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак, дали тие не се безбедносно интересни лица?

-По која методологија на списокот од Безбеден град има лица од една, а нема од друга криминална група?

-Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба  на Оливер Спасовски?

Но, Спасовски должи и одговори:

-Како е можно МВР по скратена постапка да дава дозвола за оружје на луѓе од овој список?

-Дали е дадено одобрение за оружје на човек во првите 5 од оваа листа?, рече Стоилковски и посочи дека 

Скопје и Македонија се дават во криминал, а институциите наместо да се борат со криминалот, шуруваат со криминалот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk