logo
logo
logo

Стоилковски: Каков дебакл за СДС и срам за АРМ и НАТО, дезертерот Ковачевски вработува професионални војници преку партиските штаб, оставка од Славјанка Петровска веднаш

Vecer | 27.09.2022

Стоилковски: Каков дебакл за СДС и срам за АРМ и НАТО, дезертерот Ковачевски вработува професионални војници преку партиските штаб, оставка од Славјанка Петровска веднаш

Каков дебакл за СДС, партија којашто ја води дезертер, повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, со пријава кај партиски функционери, рече на вечерашната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Пред само еден час, на Фејсбук-страницата на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на тој огранок, со повик сите коишто се јавиле на огласот за прием на војници во АРМ да се пријават кај претседателот на огранокот и раководството на истиот. Ова е дебакл и срам за Армијата. Ова е срам за НАТО. Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ја посрамоти и АРМ и НАТО.

 

Но, ова е и работа која не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни, бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив.

 

Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата. Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш, рече Стоилковски и додаде дека СДС ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на СДС.

 

- Ова е доказ дека пред кандидатот за било кое работно место да отиде на интервју, тој треба да отиде во партискиот огранок на СДС. Ова е доказ како функционира власта. Ова е доказ дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија. Вработување добиваат само тие што ќе бидат одобрени од ограноците од штабот на СДС. Ова е причината и зошто за 8 години Македонија ја напуштиле над 700.000 млади луѓе.

 

Македонија не може да продолжи со СДС. Со СДС имаме само криминал, корупција, и вработување по партиски клуч. Потребни се предвремени избори час поскоро. Вработување по партиски клуч со препорака од партиски штаб и пријава кај претседател на партиски огранок на СДС мора да стане минато. Избори веднаш, истакна Стоилковски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk