СДС ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на СДС. Ова е доказ дека пред кандидатот за било кое работно место да отиде на интервју, тој треба да отиде во партискиот огранок на СДС. Ова е доказ како функционира власта. Ова е доказ дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија. Вработување добиваат само тие што ќе бидат одобрени од ограноците од штабот на СДС. Ова е причината и зошто за 8 години Македонија ја напуштиле над 700.000 млади луѓе. Македонија не може да продолжи со СДС. Со СДС имаме само криминал, корупција, и вработување по партиски клуч. Потребни се предвремени избори час поскоро. Вработување по партиски клуч со препорака од партиски штаб и пријава кај претседател на партиски огранок на СДС мора да стане минато. Избори веднаш – изјави Стоилковски.