logo
logo
logo

Стоилковски: Не е проблем хеликоптер да лета за Заев, но проблем е да биде испратен за сограѓанин во мака?

Vecer | 06.04.2021

Стоилковски: Не е проблем хеликоптер да лета за Заев, но проблем е да биде испратен за сограѓанин во мака?

Режимот преку Венко Филипче денеска се фали со вакцинација. Реалноста е дека имунизација немаше ниту да започне да не беа донациите од соседна Србија. Реалноста вели дека Венко Филипче и Зоран Заев се уште немаат набавено вакцини, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој меѓудругото потсети дека во Македонија досега починале 4 илјади лица и посочи дека ако имаше вакцини оваа бројка би била значително помала.

„Изминува 6-ти април, а со тоа Македонија со режимот доцни цели 4 месеци и 6 дена зад остатокот од регионот и од светот за вакцинацијата.

Во Македонија до сега починале 4.000 заболени од корона, дел од нив починале по 1 јануари оваа година. Веројатни доколку имаше вакцини, голем дел од нив ќе беа спасени. Ќе имаше вакцини, да не се мислеше на провизии, рече Стоилковски кој додаде:

„Денеска како последица на неспособноста на режимот и сиот систем под него, што директно е вина на врвот на власта, почина и овчарот од кратовско село, којшто со часови беше носен на раце низ планински стрмнини предели. Немало возило, немало летало, немало ништо, кое можело да биде испратено за него.

Не е проблем хеликоптер да лета за Заев и за Филипче, но проблем е хеликоптер да биде испратен и пуштен за сограѓанин во мака?

Ова е трул систем, скапан од внатре, овој систем ја уништува државата и ги умира луѓето. Оставки веднаш!Порача Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=aleiXDBR6ws

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk