Цел месец не се најде инспектор да дојде да ја измери дивоградбата на Петре Шилегов! Цел месец инспектори, обвинителство, институции бегаат од одговорност за чист криминал, со сите докази, од А до Ш, што и како прави Петре Шилегов. МОЛК! Јорган планина!, пишува на својот Фејсбук-профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Затоа, пак, Љупчо Путерот нарачува случај против градоначалник од опозиција за предмет за кој што дури и Вилма Русковска дигнала раце! Чист политички прогон! Чиста злоупотреба на институции!

Да, се’ е јавно, Путерче!

Јавни се причините за 14-те пеплосани пациенти во болница;

Јавни се причините за полициски спонзорираната трговија и шверцот на дрога;

Јавни се причините за пасошите за мафијашите, фалсификување среде полициски станици, мафијашко извлекување на странски функционери !

Јавни се причините за провизиите за вакцините и најголемата смртност !

Јавни се причините за сите затвореници низ македонските улици!

Се’ е јасно! Оваа мафија, оваа криминална банда знае дека губи и сега се е во игра, сите злоупотреби на институциите.

Да, Путер, еднаш се изрезили со инспекторите пред гранап на кандидат за градоначалник од опозицијата. Ова ти е втор обид. Цел изборен процес го доведуваш во прашање.

Но запаметете, преку глава сте им веќе дури и на тие што наредувате и ги сметате за послушници! Се повеќе и повеќе сведоштва и документи пристигаат токму од нив!

Ене го, доаѓа денот! Ќе одговарате, сите до еден!, пишува Стоилковски.