logo
logo
logo

Стоилковски: Чекорите кои ги прави власта не се соодветни со реалните потреби на граѓаните

Vecer | 19.03.2021

Стоилковски: Чекорите кои ги прави власта не се соодветни со реалните потреби на граѓаните

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во гостување на ТВ Тера истакна дека оваа власт на Зоран Заев е забегана. Секој ден се случуваат нови и нови глупости, скандали и небулози во милиони евра изразени, кои им го загорчуваат животот на граѓаните на Македонија.

-Ова е забегана власт, слободно можам да речам забегана затоа што нивните чекори не се соодветни со реалната состојба во државата и реалните потреби на граѓаните. Тие си играат со полицискиот час, кога им е потребен, како еден начин за спречување на некаков социјален немир, затоа што нема вакцини, затоа што се повеќе граѓани умираат и вирусот се шири целосно неконтролирано, економијата не цвета и така натака. Во време кога цел свет трча да набави вакцини, министрите и функционерите на Заев се на годишен одмор, кој во Мексико кој во Дубаи. Министерот Венко Филипче наместо да се ангажира за набавување на вакцини, тој се вклучи во градежниот сектор. Секој ден гледаме како во Скопје, на Водно никнуваат негови згради. Апсолутно тука станува збор за една целосно забегана власт, истакна Стоилковски.

За нападите од страна на власта дека ВМРО-ДПМНЕ биле антиваксери Стоилковски посочи дека тоа не е точно, бидејќи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и сите граѓани кои го поминаа пеколот на инфективна клиника очајно бара вакцини.

-Како тоа ние сме биле антиваксери кога претседателот Мицкоски има изјавено на неколку медиуми дека ќе се вакцинира со било која вакцина што ќе ја донесе оваа власт. И што се случи. Човекот заврши на инфективна клиника. Го помина пеколот кој што го поминуваат граѓаните заразени од короната, изјави Стоилковски.

Околу аферите за Љупчо Николовски и Драги Рашковски Стоилковски истакна дека доколку се вратат од патувањата тие би требало да ги испратат директно во Јавното обвинителство и доколку тоа се осмели да излезе од скутот или пупката на Заев да отвори предмети и за едниот и за другиот.

-Бидејќи за едниот постои сомневање дека набавил софтвер со парите од народот, односно буџетски пари, а другиот – Николовски за набавка и исчезнување на увезен тутун, во кој што скандал се вмешани негови блиски луѓе и роднини, вели Стоилковски.

За темата попис на населението, тој смета дека власта загазила многу длабоко.

-Ја слушнав изјавата на директорот на Државната изборна комисија дека тој самиот ја носи целата одговорност за одржување на пописот и доколку истиот пропадне. Па, потоа изјавува дека нема доволно заинтересирани попишувачи, кои што треба да идат на обука. Тоа кажува една пак сега друга работа, дека не само граѓаните туку и попишувачите се плашат во ек на ваква една епидемија. Протокол може има, но вакцини треба да има. Затоа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е за на есен. За да има задолжителна имунизација на тие што ќе попишуваат и ќе одат во илјадници домови, посочи Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk