logo
logo
logo

Стоилковиќ: Власта на СДСМ не се грижи доволно за српската заедница, Костадиновска-Стојчевска ускрати средства за чествување на важни настани за српскиот народ во Македонија

Vecer | 05.08.2022

Стоилковиќ: Власта на СДСМ не се грижи доволно за српската заедница, Костадиновска-Стојчевска ускрати средства за чествување на важни настани за српскиот народ во Македонија

Што се однесува на припадниците на српската заедница во Македонија и припадниците на македонската заедница во Србија не можете да направите ни поблиски споредба затоа што припадниците на македонскиот народ во Србија уживаат сериозна поддршка од државата, преку милион евра добиваат за негување на своите културна национални особености, смета Иван Стоилковиќ, пратеник и претседател на Демократска партија на Србите во Македонија во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Стоилковиќ потенцираше дека покрај важните манифестации за српската заедница во Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска нарекувајќи ја госпоѓа Скафандер ги ускратила средствата за невладините српски организации и ја повика доколку смета поинаку да го демантира, меѓутоа како што рече тој ова што го говори е тотална и апсолутна вистина.

Ќе ја потсетам јавноста и госпоѓа Скафандер, односно госпоѓа министерка за култура дека српските невладини организации во Македонија оваа година се тотално ускратени за средства од министерството за култура, кога станува збор за манифестации кои се од важност за српската заедница во Македонија, рече тој.

Јас ја повикам министерката доколку грешам или доколку овие аргументи не мис е точни, да ме демантира. Меѓутоа јас гарантирам дека сето ова што го зборам е тотална и апсолутна вистина, изјави Стоилковиќ.

На прашањето дали е за внесување на Бугарите во македонскиот устав, Стоилковиќ рече дека неговиот став е јасен и е ист како на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во кој е во коалиција, а тоа значи против внесување на бугарите во Уставот.

Да нема забуни за мојот став јас сум од страна на опозицијата и мојот став тука бил и до крај ќе остане јасен, вели Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk