logo
logo
logo

Стоиљковиќ: Српскиот министер за полиција ВУЛИН ЛИЧНО ДОЈДЕ ДА И ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНИЈА (ФОТО)

Vecer | 03.08.2021

Стоиљковиќ: Српскиот министер за полиција ВУЛИН ЛИЧНО ДОЈДЕ ДА И ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНИЈА (ФОТО)

По вчерашната тешка ноќ кога во Македонија гора над 16 пожари,  од Република Србија веднаш беше кажано дека ќе и се помогне на нашата држава во справување со тешката ситуација. Ветувањето беше веднаш исполнето и тоа лично од српскиот министер за полиција Александар Вулин.

Вулин лично дојде во Македонија да испорача помош, односно 4 српски хеликоптери и се ставија на располагање на Македонија за гаснење на пожарите.

Веста ја објави и лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ

„Во Македонија штотуку пристигнаа не само хеликоптерите туку и министерот за внатрешни работи на Република Србија  Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ. Со македонските официјални органи се разгледуваат можностите како најдобро да ѝ се помогне на Македонија во овие тешки моменти.“ напиша Стоиљковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk