Стоиљковиќ: Ниту сакаме, ниту ќе учествуваме во злосторството против македонската држава и народ

Ниту ДПСМ ниту Јас лично ниту сакаме, ниту ќе учествуваме во злосторството против македонската држава и македонскиот народ!

По повод на утрешната седница на Собранието на Република Македонија каде на илегален, шверцерски начин, мимо соодветна деловничка процедура, на сила ќе се обидат да го донесат Законот за двојазичност кој не само што излегува надвор од Уставот на Република Македонија, туку дури и од најлибералните толкувања на Охридскиот договор и е само вовед во федерализам на уставно правниот поредок, би сакал да повторам дека и како поединец, и како пратеник и Претседател на ДПСМ не само вербално туку и со гласање ПРОТИВ на неколку пати сум го изнел моето мислење и ставот на нашата партија.

Но, би сакал да повторам дека ниту ДПСМ, ниту јас лично,
ниту сакаме, ниту ќе учествуваме во злосторството против македонската држава и македонскиот народ и не само што не сме, туку и нема да го промениме нашето мислење и став по повод тнр. Закон за двојазичност пред се од причина што сметаме дека тој е во спротивност со елементарните национални интереси на делот од српскиот народ што живее во Македонија, напиша доцна вечерва лидерот на Србите во Македонија, по повод најавите за утрешната седница на СОбранието на која е неизвесно како ќе се гласа законот за двојазичност.

Поврзани

Најнови вести

Коментари