logo
logo
logo

Стигна нова пратка Фајзер вакцини

Vecer | 14.06.2021

Стигна нова пратка Фајзер вакцини

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата.

- Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од МЗ.

Инаку, според најавите, во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca.

- Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, додаваат од МЗ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk