Стејт Департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за порталот „Политико.еу“.

„Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден на две години затвор од македонскиот суд за злоупотреби на службената должност. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци“, вели високиот претставник.

Тој додава дека дополнително Груевски е обвинет во уште четири кривични предмети, чии што постапки треба да продолжат.

„Сметаме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем“, вели неименуваниот претставник на Стејт департментот за „Политико“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари