logo
logo
logo

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Vecer | 26.05.2023

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски преку објава на својата официјална Фејсбук-страница информираше за тоа дека министерката за труд и социјална политика ја вратила разрешената директорка на ЈУДГ Детска радост на чело на градинката.

- Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна одлуката со која министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда. Но она што загрижува е одлуката на министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај. Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес-конференција, утре (сабота) со почеток во 11 часот во просториите на општина Гази Баба, напиша Стефковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk