logo
logo
logo

Стефковски: Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто

Vecer | 06.08.2022

Стефковски: Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто

Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Овој парк се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и Зеленило. Паркот се наоѓа во непосредна близина на ООУ Крсте Мисирков во Ченто. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина.

- Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема, истакна Стефковски.

Продолжуваат инвестициите во нови парковски површини. Нашата Гази Баба го живее новото време! Додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk