logo
logo
logo

Стефковски: Изградба на фабрика за горење на хемиски отпад во Гази Баба ќе го загади воздухот

Vecer | 31.05.2021

Стефковски: Изградба на фабрика за горење на хемиски отпад во Гази Баба ќе го загади воздухот

Борис Георгиевски и СДСМ не водат сметка за здравјето на граѓаните и заштита на животната средина. Георгиевски сака да гради фабрика за обработка и согорување на хемиски отпад на територијата на општина Гази Баба. Градење на фабрика за горење на хемиски отпад е спротивно на интересот на граѓаните и животната средина, истакна Бобан Стефковски, претседател на ОК Гази Баба.

-Загаденост на воздухот во општината е највисоко ниво во Скопје и воопшто на територија на цела Република Македонија, а фабриката за согорување на хемиски отпад дополнително ќе го влоши квалитетот на воздухот. За оваа намена Георгиевски на површина од 230.000м2 на потегот од  Железара па се до обиколницата планира донесување на 3 урбанистички проекти со намена постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на отпад. Во општина Гази Баба веќе е сконцентрирана тешка индустрија, воздухот е енормно загаден и инсталирањето на нова постројка за третман на отпад сериозно ќе го влоши квалитетот на животот, не само на жителите на општина Гази Баба, туку и на градот Скопје, истакна тој.

Вели дека граѓаните на Гази Баба се против ваков проект, па логично се поставува прашањето зошто овој проект упорно се турка од страна на Георгиевски? Дали станува збор за лична корист или нешто друго?

-ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот и со сите демократски средства ќе се спротивставиме на секаков обид за горење на хемиски отпад, што ќе значи ризик по животот на граѓаните на општина Гази Баба. Заштитата на здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се приоритет за кои никогаш нема да правиме компромис и отстапки. Граѓаните на општина Гази Баба се соочуваат со голем број на проблеми и потреби, па затоа му порачувам на  градоначалникот наместо да тера  бизнис интереси, крајно време е да започне да реши барам еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, истакна тој во коментарот на денот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=wQInwrizQAs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk