logo
logo
logo

Стефковски го посети семејството од Сингелиќ кое загуби два члена во трагична несреќа во Бугарија

Vecer | 25.11.2021

Стефковски го посети семејството од Сингелиќ кое загуби два члена во трагична несреќа во Бугарија

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го посети семејството Османи од населеното место Сингелиќ. Семејството Османи има загубено две жртви во несреќата. Градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук напиша: “Попладнево го посетив домот на семејството Османи од Сингелиќ кое во трагичната несреќа во Република Бугарија загуби свои двајца членови. Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек сакав лично да го посетам семејството и да изразам сочувство за трагедијата. Не постојат зборови за утеха кои можат да го утешат господинот Идавер Османи кој во оваа несреќа ја загуби својата сопруга и својата 23 годишна ќерка. Во разговор со него, му дадов збор дека Општина Гази Баба е отворена и подготвена да помогне на семејството Османи во иднина”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk