Стечајниот управник на „Фени“ бара од „Транспаренси“ да користат веродостојни податоци

Стечајниот управник на „Фени Индустри“, Мирослав Анастасиевски остро реагира по објавата на претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева, дека против него и стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска е поднесена кривична пријава, поради нетранспарентност и други многубројни забележани неправилности кои ја карактеризираат стечајната постапка на „Фени индустри“. Анастасиевски нагласува дека наводите изнесени на прес конференцијата од страна на Слаѓана Тасева, во целост се неосновани. Тој порача дека стечајната постапка на „Фени Индустри“ е согласно законските прописи.

„Во однос на транспарентноста, целата македонска јавност редовно е информирана и го следи процесот постојано. Транспарентноста во стечајната постапка се огледува во редовното информирање на доверителите, согласно законските одредби. Сакам да потенцирам дека во целост е заштитен имотот на должникот, а со тоа и правата на доверителите во стечајната постапка“ вели Анастасиевски.

Во однос на наводите за Огласот и склучениот договор, како што вели Анастасиевски, истиот оглас е објавен најтранспарентно во меѓународниот Financial Times и домашни медиуми.

Тој ги повика од „Транспаренси интернешнл – Македонија“ да користат веродостојни податоци и како што рече, да посветат внимание на причините за отворање на стечајна постапка на „Фени Индустри“ АД Кавадарци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари