logo
logo
logo

Статива: ВАКЦИНИ НЕМА ДА ИМ НИ НА 16 ФЕВРУАРИ, за кога ги најавија

Vecer | 13.02.2021

Статива: ВАКЦИНИ НЕМА ДА ИМ НИ НА 16 ФЕВРУАРИ, за кога ги најавија

Кинеските вакцини кои ги најави премиерот Зоран Заев за 16-ти февруари, сепак, нема да стигнат, бидејќи се уште не се подготвени во Кина, јави телевизијата „Телма“.

Според информациите на Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но, планот и авионскиот вакцина мост е откажан. Министерот Филипче телефонски за „Телма“ изјавил дека станува збор за шпекулација за овој договор за авионски превоз на вакцини.

Навистина, поради нивниот празник, работата оди поспоро, но, сепак, активностите се одвиваат непречено, изјави за „Телма“ Филипче.

Прославите за Кинеската нова година почнаа од вчера, а во Кина државен празник е до наредниот петок иако прославите ќе продолжат до крајот на февруари. Единствениот договор кој Македонија го има сигурен во џебот, е договорот за вакцини со кинески Синофарм. Пратката треба да дојде одеднаш.

Министерот Венко Филипше вели дека се прават напори и за реализација на договорот за донацијана Фајзер вакцини од Србија, додека во март се очекува профункционирање на Ковакс механизмот.

Со Русија за нивната Спутник 5 вакцина не се разговарало и не е контактирано досега.

Македонските власти се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk