logo
logo
logo

ССМ со улични блокади го продолжи генералниот штрајк, бараат итно дејствување

Vecer | 27.06.2022

ССМ со улични блокади го продолжи генералниот штрајк, бараат итно дејствување

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска го продолжи генералниот штајк со блокада на крстоницата во населбата Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“. Блокадата траеше од 7 до 10 часот, а беа пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски изјави дека ќе опстојат на барањето за итно линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник.

– Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза. Централната и локалната власт да издејствуваат веднаш зголемување на платите, апелира Димовски.

Тој истакна дека работниците во државава поради кризата не смеат да чекаат уште долго за да се остварат нивните барања.

-ДенескаСојузот на синдикати на Македонија покажа дека одлучно стои на нивните барања кои во моментот се неопходни,  а потоа и солидарни, зборувам за 2.806 денари одма од први  јули, како и враќање на регресот, изгубеното право во јавниот сектор, од 30 до 100 проценти од  просечната плата. Им се извинуваме на граѓаните, меѓутоа ова што денеска го правиме е навистина неопходно бидејќи знаеме дека се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавнците се исти, енергетска криза, нафтена…, изјави Димовски.

Упати апел до централната и локалната власт да го прифатат барањето за линеарно солидно зголемување на платите и да „постапат веднаш“.

И натаму останува во сила одлуката за генерален штрајк, вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места, но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

ССМ најави дека штрајкот ќе продолжи и со други форми на синдикален притисок, а​ незадоволството на работниците ќе го изразат и на улица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk