logo
logo
logo

ССМ: Никој не не праша ДА СЕ ОДЛОЖИ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Vecer | 26.03.2021

ССМ: Никој не не праша ДА СЕ ОДЛОЖИ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Иако се уште не е јасно за кого се недела ќе биде неработен ден, се знае дека тоа би почнало од следната 2022 година, така соопштија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска.

Сепак на ваквата одлука реагираа од ССМ кои велат дека никој не ги прашал ниту консултирал за тоа.

- Како социјален партнер и претставник на работниците не е констултиран за ваквото одложување. Смета дека за едно вакво важно прашање не треба да се одлучува еднострано и надвор од Економско-социјалниот совет, велат оттаму.

Тие потсетуваат дека  на последната седница на Економско-социјалниот совет, одржана на 15.02.2021 година, сите социјални партнери се согласија дека треба да се постигне консензуз, а не процесот да се враќа назад.

- Очекуваме преговорите за допрецизирање на одредбите, во насока на уредување на правото за недела да биде неработен ден за сите вработени да продолжат и истите да завршат во најкус можен рок, имајќи предвид дека донесувањето на Законот веќе еднаш е одложено и тоа за примената од јуни 2021 година, а во последиот текст за септември 2021 година и тоа без претходна согласност со социјалните партнери, наведува ССМ во реакцијата

Воедно тие реагираат и на изјавата за усогласување на минималната плата и потсетуваат  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска да не се става над законот поради тоа што минималната плата согласно Законот за минимална плата, мора да се усогласи во месец март, а не како што е пренесено во медиумите од нејзината изјава, дека и ова усогласување на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.

- Работниците и граѓаните очекуваат од социјалните партнери да испорачаат резултати од преговарањето во насока на унапредување на работничките права, а не континуирано да се одлага решавањето на нивните проблеми, велат од ССМ.  (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk