logo
logo
logo

Средношколците БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ ВОЗАТ И ЗА РАСПУСТОТ со градски

Vecer | 09.06.2023

Средношколците БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ ВОЗАТ И ЗА РАСПУСТОТ со градски

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст, информираат од Град Скопје.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.

Инаку, од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk