– Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Северна Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство, се наведува во соопштението од ДУИ.Претседателот на ДУИ Ахмети нагласил дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања. Ахмети потенцирал дека земјата од овој процес ќе излезе како победник, како што излезе победник, стои во соопштението, со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.