logo
logo
logo

За Заев вакцинацијата ДОБРО СЕ ОДВИВА

Vecer | 23.06.2021

За Заев вакцинацијата ДОБРО СЕ ОДВИВА

Според премиерот Зоран Заев вакцинацијата во земјава добро се одвива. Тој очекува до 20 јули 500.000 граѓани да бидат имунизирани со две вакцини, а до 1 септември преку 600.000 граѓани или повеќе од 50 отсто.

Како што рече во вечерашното интервју на ТВ Телма, во петок треба да пристигнат уште 100.000 „фајзер“, а во недела со два чартер лета по 250.000 „синовак“ што е вкупно 600.000 вакцини.

Од понеделник, напомена премиерот, сите 180.000 граѓани кои се пријавени, ќе примаат вакцини.

-Вакцинацијата во земјава добро се одвива имајќи предвид дека таргетот е 1,2 милиона граѓани, но ако ги изземете децата и лицата кои не смеат да примат вакцина, да постигнеме некој таргет од 70 отсто, а до сега имаме околу 480.000 вакцини. Мислам дека ќе стигнеме до 20 јули 500.000 граѓани да се имунизираат со две вакцини. Тоа ни е сериозен таргет и сигурно уште 300.000 ќе бидат со една вакцина и ќе чекаат втора, рече тој

Заев верува дека таргетите кои се поставени до 1 септември ќе се исполнат исполниме за да постигнеме преку 50 отсто или преку 600.000 граѓани да бидат вакцинирани или преку 70 отсто.

Заев и најави дека Владата ќе почне кампањи за максимизирање на бројките.

Во однос на тоа што многу граѓани отидоа во Србија да се вакцинираат, а тоа го правеа и изминативе денови, премиерот истакна дека оваа земја „најдобро се снајде“. кај нас, пак, додаде, нарачките одат како во сите земји и направено е се.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk