logo
logo
logo

Според ова, вака може ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ТРОМБ ПОСЛЕ ВАКЦИНАЦИЈА

Vecer | 11.04.2021

Според ова, вака може ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ТРОМБ ПОСЛЕ ВАКЦИНАЦИЈА

Згрутчувањето на крвта е редок, но несакан ефект на вакцината на „АстраЗенека“ што предизвика најмногу контроверзи во светски рамки.

Дури и Европската агенција за лекови (ЕМА) официјално соопшти дека можноста од формирање на тромбови треба да се наведе како можен несакан ефект на вакцината.

Директорот на ЕМА, Емер Кук, истакнува дека придобивките од вакцината на „АстраЗенека“ сè уште ги надминуваат ризиците, но одборот за безбедност на агенцијата, сепак, ги соопшти важните знаци за можен тромб.

Што е згрутчување на крвта?

Згрутчување на крвта се формира кога крвта се згуснува и формира полуцврста маса. Може да биде корисен одговор при запирање на крварењето во случај на повреда, но тромбот можат да создаде проблеми доколку го запре протокот на крв во виталното подрачје.

Згрутчување на крвта може да предизвика блокада на нозете, стомакот и белите дробови. Поголемиот дел од згрутчувањето на крвта поврзано со вакцината „АстраЗенека“ се случило во вените на мозокот на луѓето кои ја примиле вакцината.

Овој тромб, познат како тромбоза на церебрален венски синус (CVST), може да доведе до мозочен удар, напад или смрт.

Досега, повеќето од пријавените случаи на пријавен тромб се појавиле кај жени на возраст под 65 години во рок од две недели по вакцинирањето.

Бидејќи младите имаат поголема веројатност да го доживеат овој несакан ефект, британските регулатори препорачуваат луѓето под 30-годишна возраст да не ја земаат вакцината „АстраЗенека“, освен ако веќе не ја примиле првата доза на оваа вакцина.

Симптомите на згрутчување на крвта вклучуваат и отежнато дишење и главоболка. ЕМА наведува дека луѓето кои веќе примиле „АстраЗенека“ треба да контактираат со својот лекар ако почувствуваат некој од следниве симптоми:

– Недостаток на воздух,

– Болка во градите,

– Оток во нозете,

– Стомачна болка,

– Невролошки симптоми кои вклучуваат заматен вид и постојани главоболки.

Некои несакани ефекти кои вклучуваат болка во местото на нанесување на вакцината или болки во телото се лесни и нормални несакани ефекти во првите неколку дена по вакцинирањето и не претставуваат причина за загриженост.

Меѓутоа, ако имате потешки и подолги симптоми во периодот од четири до 20 дена по вакцинирањето, треба да се консултирате со лекар, советува Светската здравствена организација (СЗО).

Згрутчувањето на крвта обично се третира со антикоагуланси, пренесува „Science Alert“ и може да се избегнат компликации доколку тромбот се забележи рано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk