logo
logo
logo

Според комисијата на Веапоска бубрегот и бил изваден зошто имала хематом и крварење, а полот бил погрешно заведен

Vecer | 27.05.2021

Според комисијата на Веапоска бубрегот и бил изваден зошто имала хематом и крварење, а полот бил погрешно заведен

Комисијата која беше формирана за случајот со родилката на која во Струга и беа извадени органи, Јилдз Веапоска заврши со стручниот надзор.  Седумчлената комисија во извештајот констатирала дека  единствениот недостаток што бил констатиран било тоа дека во медицинската евиденција во Струга, плодот бил заведен како машко наместо како женско дете.

Комисијата утврдила дека  бубрегот и бил изваден зашто имала хематом и обилно крварење.

Пациентката, ноќта се жали на болки во стомакот, повикан е анестезиолог, направена е крвна слика и дадена и е терапија. Во постоперативниот тек пацинетката е следена интезивно од страна на медицински тим гинеколози и анестезиолози во струшката болница. На првиот постоперативен ден односно на 28 август 2020 година, состојбата на пациентката е стабилна, но од крвните анализи се воочува редукција на крвната слика, а целиот лекарски тим постапува по сите протоколи и доктрини, дадена и е терапија, но анализите покажуваат пад на хемоглобин, стои во извештајот кој го објави Слободен печат.

Се додава дека  четвртиот ден кога пациентката била подготвена за испис, со препишана терапија и закажана контрола за три дена кај неа состојбата нагло се влошила, се појавила тахикардија, хипотонија и клиничката слика укажувала на хеморагичен шок, што било индикација за итна интервенција.

Веднаш итно се реагира, поради крварење се пристапува кон отворање на абдоменот. Увидено е дека крварењето е во дел од стомакот каде се наоѓаат репродуктивните органи и бубрезите, како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот.

Повеќе ТУКА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk