logo
logo
logo

Според Груби приоритет на Македонија е косовското прашање

Vecer | 19.03.2021

Според Груби приоритет на Македонија е косовското прашање

Северна Македонија ќе побара од Шпанија да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, рече вицепремиерот Артан Груби по средбата со вршителката на должноста претседател на привремените приштински институции, Вјоса Османи.

Груби рече и дека од Османи побарал поддршка за пописот на Албанците во Северна Македонија, пренесува Косово онлајн.

„Таа вети дека ќе биде вклучена во процесот на попис. Исто така, посакав што е можно поскоро да се формираат институции, во текот на следната недела, за да можеме да го одржиме состанокот на двете влади без никакво одлагање, бидејќи од наш интерес е да ги реализираме проектите што ги ветивме, вклучувајќи го и Призренскиот пат“, рече Груби.

На прашањето дали македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе побара од Шпанија да го признае Косово, тој рече дека косовското прашање е приоритет за нив.

„Разговарав со Османи и за тоа дека нашата поддршка нема да изостане на ниту еден меѓународен форум“, рече Груби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk