logo
logo
logo

Според договорот име на оној кој извршил надзор на МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ треба ДА ИМА, а графата е ПРАЗНА!

Vecer | 22.09.2021

Според договорот име на оној кој извршил надзор на МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ треба ДА ИМА, а графата е ПРАЗНА!

Од општина Тетово тврдат дека тие немале никаква одговорност во оперативната фаза на градбата на модуларната болница која изгоре на 8-ми септември при што починаа 14 луѓе.

Општинските власти тврдат дека за модуларните согласно донесениот закон овластувањата за надзор биле во Министерството за здравство и во Државниот градежен инспекторат. Од информациите и достапните документи кои до овој момент ги има, се заклучува дека еден од проблемите е што во документите како  надзор по завршување на изградбата на модуларните болници НЕМА потпишано инженер.

Согласно договореното, по реализацијата на проектот, односно завршувањето на модуларните болници, во документот требало да биде впишано и името на инженерот кој извршил надзор над завршената работа, пренесе Телма.

Таа графа останала празна во сите модуларни болници. Државата за овој проект зема кредит од Светска банка и за 3,8 милиони евра изгради 17 модуларни болници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk