logo
logo
logo

СПМ: Министерот Спасовски незаконски се меша и ја кочи нашата синдикална работа и активност 

Vecer | 01.03.2021

СПМ: Министерот Спасовски незаконски се меша и ја кочи нашата синдикална работа и активност 

Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ) денеска преку соопштение го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да го препознае СПМ како синдикално здружение основано по закон и меѓународна конвенција и, како што се наведува, да прекине со попречување на активностите и обврските на СПМ како што обврзуваат истите тие акти.

– Министерот за внатрешни работи со незаконско известување ја спречи работата на Синдикат на Полиција во Македонија и со тоа постапи спротивно на Конвенцијата, како основна повелба во која се поставени основите, правата и работата на синдикат како посебен тип на здружување. Врз основа на тие насоки од Конвенцијата, Законот за работни односи во чл.186 предвидува дека синдикатот  не може да биде распуштен или нивната дејност запрена по административен пат (решение) ако се основани и дејноста ја вршат во согласност со закон. Тука ќе напоменеме дека СПМ е основан и дејноста ја врши врз основа на решение добиено од Министерството за труд и социјална политика како надлежно по истиот тој закон. Врз основа на чл.202, дејствувањето на синдикат ќе се забрани со одлука на редовен суд и тоа доколку  дејноста на тој синдикат е спротивна на Устав и закон, се појаснува во соопштението од СПМ.

Овие одредби, се подвлекува, се добро насочени и дообјаснети во точка 139 од Упатствата за чл.11 од Конвенцијата каде тој член ги заштитува здруженијата од неоправдано мешање на државата (Министерството како државен орган) што вообичаено вклучува одбивање за регистрација или распуштање на здруженијата и како друга форма на кочење на здруженијата од извршување на своите активности.

– Сметаме и веруваме  дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со своето решение (незаконско известување) неоправдано се мешал и ја кочел работата во извршувањето на активностите на СПМ, што не е во согласност нити со законите, а посебно не е во согласност со Конвенцијата за човекови права, се наведува меѓу другото во соопштението од СПМ.

СПМ меѓу другото го повикува Спасовски да постапи во согласност со чл.270 од Колективниот договор на МВР и посочуваат дека од министерот неколкупати писмено барале да ги исполни обврските зададени по сите точки од истиот член од КД, но и обврските од чл.271 од КД кои се предвидени за претставниците на синдикат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk