Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо како што велат досега непризнатата Македонската православна црква (МПЦ), пишува српски Курир повикувајќи се на извори од СПЦ.

Така, конечно, 55 години по расколот, треба да падне помирувањето на двете цркви.

Според изворот на Курир.рс СПЦ имала намера тоа да го направи и претходно сама, но во меѓувреме биле „претркани“ од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој како што велат сакал да испадне дека оваа одлука е благодарение на него.

Во написот се додава дека за таа одлука директно се зборувало на средбата во Ниш на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви.

Сепак тие наведуваат дека нема употреба на терминот македонска.

Патријархот Вартоломеј на 9 мај објави дека Светиот синод на Вселенската патријаршија ја признал Црквата во Македонија на чело со Архиепископот Стефан за канонска и валидна во целиот православен свет и со неа се воспоставува канонско и литургиско единство. Константинопол го признава името Охридска архиепископија, што значи дека областа на нејзина јурисдикција е само во границите на Македонија, а употребата на терминот „македонски“ е исклучена.

Според изворот на Курир.рс. т.н. Православна охридска Архиепископија на Јован Вранишковски ќе биде преземена од Охридска Архиепископија а другите тројца владици Марко, Давид и Јоаким, кои биле најблиски соработници на Вранишковски, ќе добијат управа на еден од манастирите во Македонија, па ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридска архиепископија, додека Јован ќе оди во пензија.