logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам: Фрчкоски неприфатлив за амбасадор во САД, ама бил прифатлив за ОН

Vecer | 28.09.2021

Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам: Фрчкоски неприфатлив за амбасадор во САД, ама бил прифатлив за ОН

Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам.

Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите.

Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал.

Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус.

Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk