logo
logo
logo

Спасовски предупреди: МВР подготвува посебни планови за велигденските празници

Vecer | 27.04.2021

Спасовски предупреди: МВР подготвува посебни планови за велигденските празници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва потсети дека и покрај најновите мерки кои почнуваат од среда имаме забрана на групирање на повеќе лица од четири и има посебни протоколи за организација на настани што би се одвивале на отворен простор и сите мерки треба да се почитуваат.

Тој најави дека МВР веќе подготвува посебни планови за Велигденските и првомајските празници и упати апел до сите граѓани на Македонија да се придржуваат до мерките.

– Оваа година се порелаксирани мерките од минатата година, но состојбата не е порелаксирана. Имаме сериозна состојба и треба да останеме сериозни и одговорни во овој дел. Затоа апелирам достоинствено да ги поминеме сите овие празници. Да празнуваме во кругот на нашите семејства, да не се групираме во верските храмови и објекти, порача Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали МВР во пресрет на Велигденските и првомајските празници планира засилени полициски патроли на излетничките места и во близина на верските објекти.

Според него, најважно е што ние како граѓани ќе направиме во С Македонија за заедно да се заштитиме од оваа светска пандемија, порача дека нема подобра заштита од тоа да бидеме сами одговорни во справувањето со КОВИД – 19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk