Спасовски: Отвараме нови можности за комуникација меѓу граѓаните од двете држави

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски денеска заедно со група на граѓани од општина Маврово-Ростуше преку граничниот премин Стрезимир на македонско–косовската граница ги посети граѓаните од место Рестелица во регионот на Гора.

„Заедничката посета на општината Драгаш во Косово, каде живеат наши луѓе заедно со граѓани од општина Маврово – Ростуше, што ја организиравме со градоначалникот Медат Куртовски е многу значајна активност. Посетата на Рестелица отвара нови можности и нови коридори за комуникација на нашите граѓани од двете држави и е исклучително важна“, изјави министерот Спасовски.

Тој по пристигнувањето во општина Маврово-Ростуше во месноста Трница, додаде дека тука е за да се укаже на важноста на овој регион.

„Мора сите да придонесеме овој регион да добие на значење и граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат, и заедно да го развиеме овој крај“, додаде Спасовски.

Во врска со актуелната безбедносна состојба во Република Македонија министерот Спасовски посочи дека имаме стабилна безбедностна состојба и за тоа граѓаните не треба да се грижат.

Следното изјаснување за реферндумот е од историско значење за Република Македонија, вели министерот и додава дека сега е моментот да се одлучи за Европската иднина и за НАТО, бидејки тоа значи и безбедност но и економија.

Министерот Спасовски заедно со голем број на граѓани од општина Маврово-Ростуше потоа заминаа за Косово преку преминот „Стрезимир“ кој е отворен времено од 18 до 20 август.

 

K.M

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари