logo
logo
logo

Спасовски: Нема опасност од немири при промена на Уставот, преку дебата да ги соочиме ставовите

Vecer | 05.08.2022

Спасовски: Нема опасност од немири при промена на Уставот, преку дебата да ги соочиме ставовите

Рано е уште сега да оцениме како би се одвивала политичката ситуација во моментот кога ќе се одвива дебатата за уставните измени, но нема простор за никакви тензии заради тоа што само преку политичката дебата можеме да ги соочиме ставовите, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Северна Македонија нема алтернатива освен патот кон ЕУ и затоа треба сите политички субјекти, сите граѓани да направиме се за да успееме на патот на ЕУ и европските вредности да станат дел од начинот на нашето живеење, рече Спасовски во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија запрашан дали се можни немири при дебатата за уставните измени кои се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на немирите кои се случија пред Собранието при гласањето на францускиот предлог. Според него, владејачкото мнозинство никогаш досега немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени, но очекува во отворена дебата да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата. -Никогаш досега владејачкото мнозинство немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени. Затоа е Парламентот, затоа е домот на демократијата тука за да се отворат тие дебати, да се изнесат аргументи и на основа на аргументите да се носат и одлуките и треба да кажеме зошто сметаме дека е добро да влезат и Бугарите и Црногорците и Хрватите и Евреите во Уставот. Да ги чуеме и аргументите зошто тие не би требале да се внесат во Уставот. Тоа е легитимна дебата. На крајот да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата, вели министерот Спасовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk