logo
logo
logo

Спасовски денеска поднесува ОСТАВКА!?

Vecer | 23.02.2021

Спасовски денеска поднесува ОСТАВКА!?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, се шпекулира во партиски кругови, пишува порталот ПлусИнфо.

ПлусИнфо пиштува и дека причината за оставката на Спасовски е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

Оставка од првиот полицаец бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Спасовски не е достапен за јавноста во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Извор: ПлусИнфо.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk