Спасовски во Берово присуствуваше на откривање на спомен обележје на четворицата бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година. На новинарско прашање Спасовски одговори дека нема застој во издавањето лични документи. Пасоши и лични карти се издаваат, но е зголемен обемот на побарувачката поради ковид-кризата.  Спасовски најави дека нема да се издаваат документи само до понеделник поради трансфер на податоци во новиот систем на МВР, по што уверува дека постапките ќе течат нормално.

„Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше зголемен обем на побарувачка поради ковид-кризата, многу од луѓето не виделе дека им истекува рокот на важноста на личните докуемнти. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање документи, тоа е процедура којашто мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и Уставот и веќе од понеделник повторно започнуваме со нормално функционирање. Застојот ќе биде во четврток, петок и викендов“

Спасовски потсети дека со законски измени се овозможи продолжување на важноста на патните исправи до крајот на годината.

„Апелирам на трпение од граѓаните, ние затоа го променивме и законот, од 1 јули ќе можат сите оние кои им истекле личните документи ќе продолжат да важат до крајот на годината и секој од нас како што ги добиваме термините да можеме да извадиме нови патни исправи. Значи, во моментов нема застој, а застојот од вечерва ќе биде поради трансферот на податоци“, вели Спасовски