logo
logo
logo

Спасеновски: Ако го следиме симболичкиот карактер на денешната литургија се оди кон тоа МПЦ да добие автокефален статус

Vecer | 19.05.2022

Спасеновски: Ако го следиме симболичкиот карактер на денешната литургија се оди кон тоа МПЦ да добие автокефален статус

Факт се неколку работи. Прво и основно дека целкупниот процес доби на динамика како резултат на одлуката на Вселенската Патријаршија да ја прими МПЦ во канонско единство со останатата православна екумена. Оттогаш натака видовме како некои процеси кои тапкале во место 50-тина година добија на засилен идентитет, изјави универзитетскиот професор Александар Спасеновски за „Вин вин“ на Телма. Тој нагласи дека активностите на МПЦ во насока на автокефалност и во таа смисла финиширањето со одлуката на Вселенска Патријаршија добиваат на интензитет некаде во 2017-2018 кога се случи и писмото на Синодот на МПЦ со кое се бара Вселенскиот Патријарх да го искористи правото на апелација. Во меѓувреме се случија активности кои го динамизираа процесот. – Сето ова е дел од поголем проект кој има смисла доколку заврши со Томос за автокефалност. Во однос на автономниот статус. Од една страна сме убедени дека одлуки од карактер за понизок статус се носи од страна на институции кои имаат поголем легитимитет како што е Соборот на МПЦ ние немавме таков настан. Сметам дека станува збор за ситуација од која никој не бара од никого да се откаже или прифати нешто, рече тој. Според него доколку го следиме симболичкиот карактер на литургијата на помирување и настаните по литургијата, во таа точка СПЦ како резултат на потегот на Вселенска Патријаршија оди кон тоа МПЦ да добие автокефален статус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk